Слика од рециклирана пластика SORPLAS со ZV-1F Слика од рециклирана пластика SORPLAS со ZV-1F

ZV-1F – доловување на нашата еколошка визија

Целта е да се запре искористувањето на животната средина

Инспирирана од убавината на светот, компанијата Sony прави напори за да помогне во зачувување на Земјата, а сепак им овозможува на креаторите да создаваат уште поубави и покреативни содржини.
Со цел да постигнеме нула нето емисии низ целата групација Sony до 2040 година и искористување на животната средина еднакво на нула до 2050 година, ќе забрзаме бројни иницијативи.
Слика од иницијативата Road to Zero на Sony

Производи за луѓето и животната средина

Нова заштита од ветер создадена од рециклирани PET-шишиња0

Ние во Sony ја зголемивме употребата на рециклирани материјали за да ја опфатиме и заштитата од ветер покрај куќиштето на фотоапаратот. Развиена со внимателно тестирање на квалитетот на звукот и ефикасноста на заштитата од ветер, создадена е само од рециклирани PET-шишиња0, а притоа го намаливме влијанието врз животната средина и ги задржавме перформансите.
Слика од заштита од ветер и пластично шише
Илустрација што прикажува систем за рециклирање во кој отпадна пластика се преработува во SORPLAS и се користи во производи од Sony
[1] Пресување [2] Обликување [3] Производи [4] Собирање од фабрики/маркети

Дизајнирање подобра иднина со SORPLAS™

SORPLAS е направен од употребени шишиња за вода и отпадни оптички дискови собрани од фабрики и маркети, а содржи и ексклузивно средство против запалување. Се користи во различни производи од Sony. SORPLAS не се деградира премногу дури и по неколку рециклирања, па затоа во иднина, се надеваме дека  SORPLAS ќе се собира и користи повторно за нови производи.

Висок степен на рециклирана содржина, до 99%

Рециклираната пластика во електрониката содржи 30%0 рециклирани материјали. Нашето средство против запалување со сулфур создава пластика со високи перформанси дури и при 99% рециклирана содржина2.

 

[1] SORPLAS
[2] 99% рециклирана содржина2 [3] Средства против запалување, други адитиви 1%


[4] Стандардна рециклирана поликарбонатна пластика3
[5] Нерециклирана пластика базирана на петролеум 55%4  [6] Рециклирана содржина 30%  [7] Средства против запалување, други адитиви 15%

Пита-графикон што ја прикажува големата употреба на рециклирани содржини во SORPLAS во споредба со стандардна рециклирана поликарбонатна пластика што е отпорна на запалување

Подобрување на ZV-1F со SORPLAS

Користиме SORPLAS0 во внатрешните и надворешните делови на ZV-1F. Оваа рециклирана пластика со високи перформанси ги нуди придобивките од подобрениот производ при намалување на влијанието врз животната средина.
Слика од ZV-1F со прикачена заштита од ветер и отворен екран

SORPLAS во многу од нашите фотоапарати

Во изминатите десет години, искористивме приближно 379 тони0 од рециклирана пластика SORPLAS во нашите дигитални фотоапарати и дигитални видеокамери.
Слика од фотоапарати од Sony со SORPLAS

Пакување за подобра иднина

Намалување на пластичните пакувања

За да ја елиминираме употребата на пластиката во пакувањата, сега користиме растителен и неплетен материјал0 или хартиени ќеси, кога се достапни материјалите1, за обвиткување на производите, а притоа ги задржуваме заштитните и обложувачки својства.
Слика од кутијата и пакувањето на ZV-1F

Ги намалуваме емисиите на јаглерод во производствените погони

Слика од птичја перспектива од производствен погон на Sony со соларни панели

100% обновлива енергија за производство на ZV-1F

Ние во Sony ја намалуваме потрошувачката на енергија, не само преку дизајнот на нашиот производ, туку и преку нашиот процес на производство. Производствените погони во Тајланд и Кина што го произведуваат ZV-1F сега користат 100% обновлива енергија. Не запираме тука: го забрзуваме нашиот план да воведеме обновлива енергија во сите наши локации ширум светот.
Слика од ZV-1F со прикачена заштита од ветер

Фотоапарат за видеоблогови ZV-1F